18.2 C
Shtip
spot_img

Јубилејно 40-то издание на Макфест!

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“ – најпознатиот фестивал на забавни мелодии во Македонија.

Првата вечер е посветена на дебитантите, а ќе настапат 13 нови изведувачи кои ќе се претстават со оригинални композиции. Втората вечер ќе донесе 14 афирмирани музичари и автори со свои нови песни, додека третата вечер ќе биде ретроспектива на најголемите хитови од минатите децении на „Макфест“, изведени во ново, современо аранжманско руво.

Со четиридецениското постоење, „Макфест“ останува симбол на македонската поп и забавна сцена, место каде што своите први чекори ги направија многу познати пејачи и композитори. Јубилејното издание ќе биде можност за нови таленти да се истакнат, а за публиката – да ужива во златните хитови што ја одбележаа историјата на фестивалот.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img