Штипската шампионка во борење Андреа Нисева е подготвена за нов голем предизвик – Светското првенство во борење за кадетки (У-17) во Баку, Азербејџан!
Од 27 јули до 2 август, Андреа ќе настапува и ќе атакува на светски медал, носејќи го победничкиот дух кој веќе го покажа на Европското првенство во Самоков!
Тренерите на БК Олимпија со голем оптимизам истакнуваат дека Андреа е максимално подготвена и мотивирана да испише нова страница во својата спортска приказна. Сега е време за уште еден голем успех на светската сцена!







