27.6 C
Shtip
spot_img

„Алказар“ ја започна изградбата на најголемиот ветерен парк во Штип и Балканот

Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација се подготвуваат да обезбедат долгорочен заем за проектот за ветерен парк во Штип, кој ќе биде најголемиот на Балканот…

Една година по најавата за инвестиција, започнува изградбата на ветерниот парк во близина на Штип, каде „Алказар енерџи партнерс“ треба да инвестира 500 милиони долари за изградба на 55 ветерници. Ветерниот парк ќе се протега на површина од 326 хектари и се очекува да произведе струја за 100 илјади домаќинства. 

Новиот ветерен парк, кој се најавува како најголем во Западен Балкан, се очекува да биде значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата. 

Енергетска безбедност и поевтина струја

Коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон вели дека овој проект ќе создаде чиста енергија, ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид, ќе доведе до намалување цената на струјата и ќе создаде 600 нови работни места во Македонија.

Повикувајќи се на анализата на Блумберг во Западен Балкан, Калдерон вели дека ќе има нови инвестиции во обновливи извори на енергија во износ од 11 милијарди долари, во кои државата би имала удел од 30 до 40 проценти поради позицијата, човечкиот капитал и дисциплината.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img