25 C
Shtip
spot_img

Google Street View повторно на улиците на Македонија

Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Северна Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење е да се ажурираат фотографиите на Google Street View од градовите, патиштата и автопатите во Северна Македонија на Google Maps.

Благодарение на Google Street View, корисниците веќе можат да истражуваат некои од најзначајните знаменитости во Северна Македонија, вклучувајќи историски локалитети, културни споменици и природни убавини како што се прекрасните брегови на Охридското Езеро, историскиот Камен Мост во Скопје или живописните улици на Битола. Бидејќи инфраструктурата во градовите и меѓу нив се развива со текот на времето, неопходно е редовно ажурирање. Новите фотографии ќе им помогнат на корисниците да се движат поефикасно и да ги планираат своите патувања со поголема леснотија. Street View нуди поглед од 360 степени на улиците, како и културни и природни знаменитости.

Google е силно посветен на заштита на приватноста. Пред да се објават собраните фотографии, тие се обработуваат со технологија која ги замаглува лицата на луѓето и регистарските таблички на возилата за да се осигура дека тие не можат да се идентификуваат, со што се заштитува приватноста. Дополнително, Street View обезбедува додатна функција за замаглување на сликите (поединци, автомобили, куќи итн.), што може да се побара со кликнување на копчето „Пријави проблем“ во долниот десен агол на објавените слики на „Google Maps“. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google може да се најдат на: https://policies.google.com/privacy.

Street View е популарна функција на Google Maps, со над 220 милијарди слики на Street View од целиот свет, вклучувајќи ги Антарктикот и Арктикот. Достапно е на десктоп и мобилни уреди, како и на Google Earth.

Возењето ќе започне во наредните недели, а повеќе информации за Street View може да се најдат на: https://www.google.com/streetview/.

━ повеќе содржини

Топ 10 компании со најголеми добивки во Штип за 2025 година

Езимит Капитал, дел од бизнис-групацијата Езимит, поврзана со инвестиции и винскиот бизнис, е компанијата со најголема остварена добивка од Штип за 2025. Фирмата на...

FoxTv дава 50.000 долари за навивач кој ќе ги гледа сите натпревари од фудбалскиот мундијал

Fox Sports, која со голема еуфорија влегува во проектот за Светското првенство и веќе го ангажираше Златан Ибрахимовиќ како стручен консултант, нуди 50.000 долари...

Фестивал на улична храна – 15 до 17 мај во Штип!

Подготовките на второто издание на Shtip Street Food Festival се во полн ек. Пријавувањето на учесниците е затворено, а организаторите најавуваат огромна палета на...

Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден?

Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња за на влезна врата или за на глава за...

Глобалната прослава за 100 години Ducati и во Македонија

На 9 мај 2026 година, љубителите на Ducati ширум светот ќе се обединат во рамки на традиционалниот настан We Ride As One, глобална парада која секоја...
spot_img