15.1 C
Shtip
spot_img

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига на шампиони. Од клубот, со гордост известуваат дека штипјани за прв пат ќе имаат можност во својот град да гледаат натпревар од најсилното клубско европско натпреварување. Домаќин ќе биде ново изградениот спортски храм “Џексон”.

Одбојкарскиот клуб Штип УГД во првото коло за противник го доби атрактивниот холандски шампион Orion Stars. Во првиот меч штипјани гостуваат во Холандија (20-22.октомври), додека реваншот се игра во Џексон една недека подоцна.

Во известувањето од клубот стои и дека натпреварите од домашното првенство и купот ќе се играат во салата Јордан Мијалков во Штип, како и досега.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img