Од МВР информираат дека е уапсен штипјанец кој ја претепал својата сопруга.
Вчера (06.09.2026) во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода О.Р.(23) од Штип, по претходна пријава за семејно насилство врз неговата 24-годишна сопруга од Штип, при што таа се здобила со повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.







