31.1 C
Shtip
spot_img

Благој Серафимов – нов командир на полициската станица во Штип

Од вчера, Секторот за внатрешни работи во Штип доби нов командир на Полициската станица од општа надлежност. На оваа функција е назначен Благој Серафимов, долгогодишен полициски службеник со 27 години работно искуство во Министерството за внатрешни работи.

Во текот на својата професионална кариера, Серафимов поминал низ повеќе значајни позиции – од полициски службеник, водач на безбедносен реон во сообраќајната полиција, инспектор за недозволена трговија со дрога, виш инспектор во Секторот за криминалистички истраги (ЦИК), а од вчера е назначен за командир на Полициската станица Штип. Серафимов на штипјани е познат и како успешен спортист и хуманист. Тој е носител на медали во борење и дарител на крв преку 60 пати.

━ повеќе содржини

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...

Упасен штипјанец кој ја претепал сопругата

Од МВР информираат дека е уапсен штипјанец кој ја претепал својата сопруга. Вчера (06.09.2026) во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од...

Објавена книгата „Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“

Неодамна излезе од печат истражувачката студија „Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“ на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи за една од ретките...

Брегалница му “раскина” на Никола Кузманов!

Брегалница забележа три порази на последните четири натпревари во Првата македонска лига, резултати кои донесоа реакција од управата која одлучи да го смени стручниот...
spot_img