12.4 C
Shtip
spot_img

По трет пат во Штип – детска трка “Децата под Исарот”

На 17.Мај годинава е најавено третото издание на детската трка “Децата под Исарот”. И годинава, можат да се пријавуваат дечиња од 4 до 14 годишна возраст, а котизацијата изнесува симболични 400 денари. Секое дете ќе добие маичка, пакет производи од спонзорите и медал за завршување на трката.

Стартот е закажан за 10:00 часот, а тркачката траекторија ќе биде од гимназијата Славчо Стојменски до мостот кај градската црква. Учесниците ќе бидат поделени по возраст и ќе стартот на секоја трка ќе биде одделен. Обезбедни се награди за трите првопласирани од секоја возрасна трка.

Организаторот најавува дека трката има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат донирани.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img