Утрово, учениците од првата смена од основното училиште Ванчо Прке ги пречекаа затворени врати и полициско обезбедување на влезот. Наставата денес нема да се одржи, а причина за тоа е демолирање на училиштето од страна на несовесни граѓани.
Во тек е истрагата на полицијата, се шпекулира дека е нанесена голема штета на ентериерот во училиштето – намерно е предизвикана поплава, одвртени се славините на чешмите во тоалетите, на ѕидовите биле испишани нејасни пораки, искршена е компјутерската опрема и електронските табли во самото училиште,.
Се работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за ваквата девијација и деликвенција.







