Се асфалтира улица Кежовица, веднаш позади бањата во штипско Ново село. Жителите и останатите корисници на бањата и физикалната терапија, од денеска добиваат подобра пристапност. Но, она што дополнително е превидено овде е да се гради нов мост на реката, кој ќе ја поврзува обиколницата, која се наоѓа во неспоредна близина. Градоначалникот Јорданов, на прес конференција најави и изградба на нов парк исто во оваа зона на површина од 10 000 м2. Дополнително најави и изградба на спортски терени.
,,Се асфалтираат површини и се уредува улица, која верувам ќе служи за подобра пристапност и на жителите од непосредната населба, но и на ситео ние корисници на бањата, на физикалната терапија, која се наоѓа во неспоредна близина на овој крак. Тоа кое што се работи во моментот е предвидено согласно програмата за уредување на градежно земјиште, изнесува повеќе од еден милион денари, ср едства од парите на граѓаните. Сакам да најаавам дека овде на оваа зона во иднина ќе се случуваат многу активности, затоа што предвидено е да се прави нов парк на површина од 10 000 м2 веднаш до кејот на реката брегалница. Да се изгради нов мост на река Брегалница, кој ќе ја поврзува обиколницата, која се наоѓа исто во непосредна близина овде.“, рече Јорданов
Дополнително тенденција на општината, Јорданов кажа дека е да се изгради и спа центар, кој што ќе додаде вредност во градот
,,Да се започне со изградба на спортски терени на фудбалското изгралиште Кежовица, на терени за павел за тенис, за многу други содржини, картинг, кој исто така се предвидува во неспоредна близина да биде изграден. Така да овој дел пополека, но сигурно ќе се урбанизира и ќе биде навистина едно место кое што ќе додаде вредност во нашиот град. Дополнително тенденцијата на локалната самоуправа е овде да се изгради еден спа центар, но сите овие активности се во нашитеп ланови, кои во наредните години очекувам да бидат реализирани. Чекор по чекор активностите ги приближуваме кон крајната цел, ова е само почеток.“, додаде Јорданов
Целта како што посочи Јорданов е местот кое што порано се користел за нелегално депонирање на отпад, да прерасне во еден парк испортски и спа центар, кој што ќе додаде вредност на нашиот град. Тој најави дека целата оваа реалиација ќе биде негова цел затоа што преку ваквите активности ќе се генерира развој.







