14.9 C
Shtip
spot_img

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика

По емотивната концертна средба со публиката во Скопје Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат во градот кој за неа има посебно место во срцето – Штип. На 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“, таа ќе одржи концерт кој ќе биде подарок за публиката, вечер исполнета со музика, емоции и благодарност за долгогодишната поддршка.

Штип за Бојана не е само уште еден град на концертната мапа, туку потсетник на едни од најважните моменти во нејзината кариера. Токму таму, на сцената на легендарниот фестивал Макфест таа ги освои двете свои големи победи – првата во 2003 година со песната „Немам одбрана“, а втората во 2015 година со „Диви цветови“. Од Штип, симболично, тргна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“, музички проект кој две години патуваше низ речиси сите градови во земјата, создавајќи незаборавни средби со публиката.

„Пролетта дефинитивно започнува со музика. Со нетрпение го очекувам концертот во Штип. Овој град секогаш ме потсетува на убави моменти и големи емоции. Се подготвувам со многу љубов и возбуда и едвај чекам да дојде 21 март“, вели Бојана.

Концертот ќе биде бесплатен за публиката, како знак на благодарност за долгогодишната поддршка. На репертоарот ќе се најдат некои од нејзините најпознати песни, но и дел од поновите музички приказни, во вечер која ветува искрена емоција, блискост и вистинска концертна атмосфера.

Штипската публика на 21 март ќе има можност повторно да ја почувствува енергијата на Бојана – гласот што со години ја раскажува приказната на македонската поп музика, токму таму каде што се испишани дел од нејзините најубави страници.

Концертот на 21 март во Штип нема да биде само уште еден настап, туку музичка благодарност, враќање на спомените и ново поглавје во долгогодишната врска меѓу Бојана Скендеровски и нејзината публика.

━ повеќе содржини

Google Maps го доби своето најголемо ажурирање во последните 10 години: Кои се новитетите?

Google Maps штотуку го доби своето најголемо ажурирање во последните десет години (март 2026 година), а фокусот е речиси целосно на интеграцијата на моделите...

Петок 13-ти: Историјата, митологијата и суеверјата зад најнесреќниот ден

Денот што многумина го сметаат за најнесреќен во календарот, петок 13-ти, има долга историја обвиткана со митови, суеверија и историски настани. Но, дали навистина...

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Лос Анџелес – Сѐ е подготвено за најгламурозната ноќ во Холивуд. 98-то доделување на наградите Оскар, популарно познато како Оскари, наскоро ќе се одржи и...

Европскиот шампион штипјанецот Петар Мијалков ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен европски шампион во мотоциклизам, Петар Мијалков веќе ги запали моторите за...

Тригодишно дете од Штип хоспитализирано по труење со „бензодиезепами“

Тригодишно дете од Штип е хоспитализирано поради сомнително труење, информираат од СВР-Штип. Детето е примено во Клиничка болница-Штип на Педијатриското одделение, а по извршените...
spot_img