22.1 C
Shtip
spot_img

Објавен е јавен повик за “Штипско кутурно лето 2026”

Општина Штип објави јавен повик за пријавување проекти и програми за 41. издание на манифестацијата „Штипско културно лето“. Повикот е наменет за сите заинтересирани субјекти од областа на културата кои сакаат да земат учество во најстарата културна манифестација во општината.
Со повикот се бараат содржини што ќе одговорат на традицијата и реномето на „Штипско културно лето“, кое со децении претставува значаен културен белег на градот.
Пријавувањето се врши со пополнување на пријавен лист (формулар), кој треба да се достави во архивата на Општина Штип најдоцна до 6 април 2026 година. Нецелосно пополнетите пријави нема да бидат разгледувани.
Годинешното, 41. издание на „Штипско културно лето“ ќе се одржи во вообичаениот термин – од последната недела на јуни до крајот на јули 2026 година.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат кај Кирил Панајотов на телефон 078 47 26 99.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img