17.6 C
Shtip
spot_img

Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс чекаат бебе: Замисли тие двајца да ти се дедовци

Ерик е син на познатиот комичар Еди Марфи, а Јасмин е ќерка на исто така познатиот комичар Мартин Лоренс. Обожавателите на двајцата актери се воодушевени од веста за новото бебе.

„Замислете вашите дедовци да беа Еди Марфи и Мартин Лоренс!“, „Тоа дете ќе биде неверојатно талентирано и забавно“, напишаа луѓето во коментарите на социјалните мрежи.

Пред две години, јавноста беше изненадена кога се дозна дека Ерик и Јасмин се во врска.

Тие застанаа пред олтарот во мај минатата година, а церемонијата беше интимна, само за најблиските членови, како што објави Индепендент.

Марфи се пошегува во една емисија во тоа време, велејќи дека, за среќа, не морал да плати за свадбата бидејќи Лоренс ќе плати за сè.

– Еди рече дека морам да платам за сè – рече Мартин, додавајќи дека Марфи веќе ја платил свадбата на својот син порано и дека сега е „негов ред“. Сепак, вљубениот пар сакаше само тивка и скромна свадба.

– Се венчаа во црква, само двајцата и свештеникот. Беше мала, тивка церемонија – објасни Еди Марфи.

Ерик е најстарото од десетте деца на Марфи.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img