Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу домаќинот ОК Штип УГД и ОК Струмица.
Влезот за натпреварот е слободен, па од таборот на домаќините ги повикуваа сите љубители на спортот да повелата на одбојкарски празник во Штип!
Пренос од натпреварот ќе врши македонска телевизија на својот трет канал.







