12.8 C
Shtip
spot_img

Македонецот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во Кран-Монтана

Младиот македонски државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна за време на ужасниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите во трагедијата која се случи на новогодишната ноќ, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството.

Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои можност Стивен да е хоспитализиран надвор од Швајцарија, откако во болниците во земјата не бил евидентиран. Неговите најблиски претходно информираа дека проверките биле проширени и во Франција и Италија, но без конкретни информации за неговата состојба.

Од Министерството за надворешни работи претходно потврдија дека кај нив е пријавен случајот за исчезнат македонски државјанин по пожарот и дека амбасадата била во постојана комуникација со семејството, како и со швајцарските институции, додека траела идентификацијата на жртвите.

Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени. Неговото исчезнување предизвика бран апели на социјалните мрежи, каде семејството и пријателите бараа каква било информација за неговата судбина.

Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Тие напишаа дека постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на фотографијата.

Неговото семејство пред два дена упатиа молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да контактираат и остави телефонски броеви за контакт.

━ повеќе содржини

ОК Штип УГД на “Бадник” ќе го игра реваншот од Челинџ Купот во Милано

"Годината ја започнуваме со реванш дуелот против Allianz Milano во 1/16-финалето од главната фаза на ЦЕВ Челинџ купот. На "Бадник" со почеток од 17:30...

Сопругата на преранот загинатиот Александар (Цеа) со преработка на “Нашите слики” му го честита роденденот на својот сакан

Маја Коларова Крстевска денес на својот фејсбук профил објави нејзина преработка на песната "Нашите слики" од популарната група Меморија, со која симболично му го...

БОЖИЌНА БАЈКА ВО ЊУЈОРК: Зимско село, празничен шопинг, деликатеси, уникатна мода и панаѓури за богаташи

Ако го сакате Божиќ, Њујорк пред празникот е незаборавен – мешавина од блескави светла, празнично расположение и културни искуства. Само бидете подготвени за студ, гужви и повисоки цени, и ќе имате магично...

Паника во Денвер, сериозна повреда на Никола Јокиќ

https://www.youtube.com/watch?v=vfViuDuT62E Убедливиот пораз на Денвер против Мајами, 147:123, мина во сенка на повредата, на најдобриот играч во лигата, Никола Јокиќ. . Србинот го напушти натпреварот поради...

Ветровито и студено за време на новогодишните празници

Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и...
spot_img