1.6 C
Shtip
spot_img

Осуденик пронајден починат во затворот во Штип

Четириесетгодишен осуденик од Скопје, кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, е пронајден починат во својата соба, информираат од Секторот за внатрешни работи Штип при МВР.

Случајот бил пријавен во полиција вчера во 10:35 часот од страна на затворската управа. На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт, а на телото на починатиот не биле забележани видливи траги на насилство.

„Вчера во 10:35 часот во СВР Штип од КПУ – Затвор Штип е пријавено дека во соба во установата е пронајден починат осуденикот В.М. (40) од Скопје“, соопштуваат од полицијата.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

━ повеќе содржини

ЕВЕ КОГА ЌЕ СПИЕMЕ НАЈДОЛГО: ДОАЃА НАЈДОЛГАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА!

Зимата официјално започнува во недела, на 21 декември 2025 година, во 16 часот и 3 минути. Со овој момент започнува астрономската зима на северната...

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков награден во Молдавија

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков, продолжува да добива признанија надвор од границите на меѓународна сцена. За неговиот исклучителен успех и освојувањето на титулата во БМУ...

Евро монетите се менуваат од 1 јануари 2026 година – ќе биде вклучено кирилично писмо

Бугарија ќе го усвои еврото на 1 јануари 2026 година, станувајќи 21-ва земја на ЕУ што ќе се приклучи на единствената валута. Како и...

Илон Маск е првиот човек чие нето-богатство надмина 600 милијарди долари

Маск повторно руши рекорди, но не во технологијата. Имено, тој стана првата личност што надмина 600 милијарди долари нето вредност, според пресметките на списанието...

Градоначалникот Јорданов најави финансиска помош на 100 пензионери на територија на О.Штип со најниски примања

"Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025...
spot_img