28.9 C
Shtip
spot_img

Пријави песна за Милан Младеновиќ!

Отворен е овогодинешниот, седми конкурс за Наградата Милан Младеновиќ кој го организира истоимената задужбина. Заинтересираните имат уште десет дена бидејќи конкурсот е отворен до 31-ви мај.

Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји од територијата на поранешна Југославија, со песна чиј текст е на еден од јазиците што се зборуваат во овој регион, вклучувајќи ги и малцинските јазици, а правилата за учество се:
– Еден изведувач, автор или група автори може да пријават само една песна на конкурсот за Наградата.
– Право на пријавување за Наградата има автор или група автори кои под името под кое се пријавуваат на конкурсот ја објавиле својата прва песна по 1 јануари 2018 година.
– Песните кои се натпреваруваат за Наградата треба да бидат објавени помеѓу 1 јуни 2024 година и 31 мај 2025 година.
– Апликациите може да ги поднесат авторите, изведувачите или издавачите преку формуларот достапен на веб-страницата на Фондацијата: milanmladenovic.com.

За победникот на наградата Милан Младеновиќ 2025 одлучува регионално жири составено од Иван Лаиќ (Хрватска), Давор Лукас (Хрватска), Милорад Мики Ристиќ (Србија), Горан Трајкоски (Македонија), Бојана Вунтуришевиќ (Србија).

Стручното жири прво ќе избере 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Задужбината Милан Младеновиќ, а добитниците на овогодинешното признание ќе бидат наградени и со парични награди. Наградата е 3.000 евра. Задужбината Милан Младеновиќ воспостави долгорочна соработка со фестивалот Егзит, а добитникот на Наградата Милан Младеновиќ 2025 автоматски ќе биде вклучен меѓу изведувачите на Егзит 2026 година.

━ повеќе содржини

ОД 1 ЈУЛИ ДО 31 АВГУСТ ЗАБРАНЕТО ВОЗЕЊЕ СКУТЕРИ ВО ОХРИДСКОТО, ДОЈРАНСКОТО И ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Министерството за транспорт и врски донесе одлука според која се забранува возење скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1 јули до 31...

Супер атрактивната Аделина Тахири во летно жешко-раскошно издание!

Атрактивната албанска пејачка со скопска адреса на живеење, Аделина Тахири важи една од оние која живее раскошен живот. Луксузот во секој сегмент и е лесно...

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена

Македонската православна црква и верниците денеска го слават празникот посветен на светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Денеска, на првата годишнина од осветувањето...

Градоначалникот и неговиот тим не запира: Изградена пристапна улица до штипската Индустриска зона Македонка во Штип

Се изгради пристапна улица до дел од Индустриската зона „Македонка“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека компаниите...

Се спремна духовна свеченост во сабота во Штип!

Штип на 6 јуни ќе биде домаќин на значаен духовен настан за православните верници. Според најавата од организаторите, во сабота, со почеток во 17:00...
spot_img