14.8 C
Shtip
spot_img

КАКО СИМБОЛИКА ЗА ЖРТВИТЕ НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЈА ПРЕРАБОТИВМЕ „ВРЕМЕ ЗА ПЛАЧЕЊЕ“ ОД ЏАМБАЗОВ, ВЕЛАТ ТАМАРА ТОДЕВСКА И РОБЕРТ БИЛБИЛОВ

Тамара Тодевска и продуцентот Роберт Билбилов ја преработија „Време за плачење“, хитот на Игор Џамбазов со кој на Макфест во 1992 го освои второто место.

„Некои песни се безвременски. Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење: време (е) за плачење“, вели Тодевска.

Оваа песна симболично ја промовира пред нејзиниот хуманитарен концерт кој ќе се одржи на 8 мај во Младинскиот културен центар, а парите од продадените билети ќе одат за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на 16 март, во кој загинаа 62 лица, а 193 се повредени.

„‘Време за плачење’ е како симболика на мигот во кој се најдовме, во времето кое и после толку години никако да покаже каде (по)греши(в)ме, за најскапата цена сѐ уште да ја плаќамe“, велат Тодевска и Билбилов.

Новата верзија на старата латино тема е клавирска анплагд балада.

Музиката и текстот на оригиналната песна се на Томислав Которчевиќ, а новата верзија е издадена преку светски познатата музичка етикета „Кафе де Анатолија“. Видеото, кое е црно-бело, е во режија на Зоран Зонде Стојановски. Новата верзија на „Време за плачење” е достапна на сите дигитални платформи.

━ повеќе содржини

Трамп предлага Италија да игра на СП наместо Иран!

Остануваат уште 49 дена до почетокот на Светскто фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада, а контроверзиите околу учеството на Иран продолжуваат поради воениот...

Новиот најмал електричен „Смарт“ автомобил пристигнува во септември

Компанијата „Смарт“ со концептниот модел под ознаката „#2“ откри како ќе изгледа наследникот на популарниот електричен двосед „EQ Fortwo“, чија производна верзија ќе биде...

Штип е подготвен за прва титула во одбојка! Се спрема големо славје утре вечер во СЦ Јордан Мијалков!

Утре ќе има големо славје во градот под Исарот, одбојкарите на Штип УГД се на чекор од историска шампионска титула, во спортската сала „Јордан...

Chat GPT сега размислува и не прави грешки при генерирање на слики и текст во нив

„Опен АИ“ ја лансира алатката „Чет-ГПТ имиџис 2.0“ која го воведува „размислувањето“ во генерирањето слики, овозможувајќи прецизно испишување на текст, веб-пребарување во реално време...

Последниот контингент влезници за СП во фудбал се пуштаат денес!

ФИФА пушта во продажба повеќе од три милиона влезници за Светското првенство, а продажбата ќе трае до крајот на натпреварувањето на 19-ти јули, последна...
spot_img