16.7 C
Shtip
spot_img

Штип добива нова културна искра: „Очи на Шопов“ стартува на 9 мај!

Штип оваа пролет ќе биде домаќин на една сосема нова, но веќе ветувачка културна манифестација – „Очи на Шопов“, што ќе се одржи од 9 до 13 мај 2025 година. Зад организацијата стои група амбициозни средношколци, поддржани од Фондацијата за развој на локалната заедница и СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“.Во чест на 43-годишнината од смртта на македонскиот поет Ацо Шопов, оваа манифестација нуди богата петдневна програма со ликовни и литературни конкурси, како и натпревари во ораторство и рецитаторство. Конкурсите се отворени за ученици од основните и средните училишта во Штип.

Темите и категориите се следниве:

🔹 Ликовен конкурс: „Низ очите на Шопов“
🔹 Литературен конкурс (I-IV одд.): „Јас во стиховите на Шопов“
🔹 Литературен конкурс (VI-IX одд.): „Шопов е минато, сегашност и иднина“
🔹 Средно образование – проза и поезија: „Младите гледаат преку очите на Шопов“
🔹 Ораторство: „Шопов војува со перото“
🔹 Рецитаторство: Слободен избор од творештвото на Шопов

Краен рок за пријавување е 30 април 2025 година, а пријавите се испраќаат на ocinasopov2025@gmail.com со соодветна назнака по категорија.

Настаните од манифестацијата кулминираат со доделување на награди на 11 мај од 13:30 часот, а изложбата на сите ликовни творби ќе биде отворена на 9 мај од 18:00 часот во Штип.

Ова е вистинска можност младите да го изразат својот талент и да го оживеат ликот и делото на Шопов преку уметноста.
Не чекај – покажи што гледаш низ очите на Шопов!

Автор: Даница Среткоска

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img