14.9 C
Shtip
spot_img

Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт ptici.mk

Македонските ентузијасти и истражувачи на птици ќе имаат ново виртуелно место каде ќе можат да учат и споделуваат знаења за видовите птици.

Неколку десетици граѓани, вљубеници во природата и птиците се собраа вчера во Нетавил во Скопје на промоцијата за новиот сајт за прибирање податоци за птици „ptici.mk“.

На настанот, своја презентација имаше заменик-директорот на Македонското еколошко друштво, орнитологот Методија Велевски, кој раскажа за идејата и процесот на создавање на оваа платформа, прва од својот вид во Македонија, а објасни и како граѓаните може да внесуваат податоци на платформата.

Настанот беше одлична можност за македонските истражувачи на птици – професионалци и аматери да се соберат на едно место и да ги споделат своите искуства, знаења, а секако и да ги кажат своите предлози за идни подобрувања на платформата за птици.

„ptici.mk е замислена како платформа за поддршка на растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, со што се придонесува кон унапредување на граѓанската наука. Апликацијата бара основно предзнаење во препознавање на птици, но е доволно лесна да ги предизвика и почетниците набљудувачи да ја користат, учат и да ги забележуваат птиците кои се наоѓаат околу нив” – изјави Данка Узунова, орнитолог и проектен координатор во МЕД.

Платформата континуирано се надградува – во моментов се состои од динамичен веб сајт на кој се прикажуваат наодите на птиците, и Android апликација за собирање на податоци. За во блиска иднина е предвидена и апликација за iOS, но приоритетот ни е овозможување целосна функционалност на Android апликацијата, која во овој момент може да се преземе само од овој сајт, но набрзо ќе се најде и на Google Play.

Платформата е одржувана од Македонското еколошко друштво, преку поддршка од Sigrid Rausing Trust и проектот „Подобрување на можностите на Европскиот портал за птици за унапредување на придонесот кон политиките на ЕУ изнесени во Директивата за птици и 2030 Стратегијата за биолошка разновидност (LIFE22-PLP-ES-EBP reinforcement)” финансиран од Европската Унија.

━ повеќе содржини

Како ефикасно да се зачува вкусот на зимницата и да се спречи формирање на заматена вода?

Со доаѓањето на есенските денови, подготовката на зимница е неизбежна работа, а притоа е корисно ефикасно да се зачува бистра и вкусна. При подготовка на...

Дончиќ објасни како ослабел 16 кг: Прв пат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ се одмара по настапот на ЕвроБаскетот со репрезентација на Словенија, која ја водеше до четвртфиналето, каде што беа елиминирани...

Доларот падна на најниско ниво во последните три месеци, еврото блиску до највисокото ниво

Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на девизниот пазар падна на најниско ниво од почетокот на јули. Индексот на доларот, кој ја покажува...

Боки 13 во „Ами Џи шоу“ го шокираше водителот, а и јавноста: „Овие двајца од познатите ријалити фаци ми се додворуваа“

Контроверзниот Бојан Јовановски, познат под уметничкото име Боки 13, се врати во јавноста со своите поткасти, а вчеравечер, 16 септември 2025, беше гостин во...

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со трака

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со селотејп, компанијата објаснува дека немало опасност За Ана Савин, патничка на лет на...
spot_img