14 C
Shtip
spot_img

Eве што треба да направите за да добиете 600.000 денари на вашата сметка

Отворен јавен повик за финансиска поддршка на млади земјоделци – до 600.000 денари неповратен грант

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави Јавниот повик бр. 02/2025 за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година.

Повикот се однесува на Мерка 112 – Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Финансиската поддршка изнесува до 600.000 денари по корисник, што претставува 100% покривање на направените трошоци.

Средствата ќе се исплаќаат на годишно ниво, во најмногу три рати, при што е предвидена и авансна исплата од 40% од вредноста на инвестицијата.

Кој може да аплицира?

Право на аплицирање имаат млади лица на возраст од 18 до 40 години, кои за прв пат започнуваат со земјоделска дејност, при што е потребно да бидат запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Според министерот Цветан Трипуновски, со оваа мерка се создава услов за нова генерација земјоделци кои ќе придонесат кон зголемување на домашното производство и ќе ја направат Македонија земја извозник на квалитетна храна.

Приоритетни категории на апликанти:

Млади жени земјоделки

Членови на земјоделски задруги

Лица со завршено земјоделско или ветеринарно образование

Апликанти кои вложуваат во механизација, сточарство или преработувачка опрема

Рок и начин на аплицирање:

Пријавувањето се врши електронски, најдоцна до 9 мај 2025 година.

Оваа поддршка е дел од пошироката стратегија за подмладување на агросекторот и намалување на увозната зависност, велат од МЗШВ. Целта е да се создадат стабилни услови за развој на земјоделството, при што младите ќе добијат шанса за сигурна иднина во руралните средини.

━ повеќе содржини

Шампионите од одбојкарскиот клуб Штип УГД денес беа на прием кај градоначалникот и ректорот!

Освојувачите на двојната круна во машка одбојка, штипските одбојкари од ОК Штип УГД, денес беа на свечен прием кај градоначалникот на општина Штип Иван...

УЈП ги достави годишните даночни пријави, граѓаните ќе треба да ги проверат и потврдат

Управата за јавни приходи достави до граѓаните 862.896 годишни даночни пријави за остварен доход во 2025 година, а сите даночни обврзници ќе добијат и...

Македонски Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG

Од денес, Македонски Телеком ќе овозможи побрзо и поудобно патување со M-TAG, уред за електронско плаќање патарини. Со овој уред, поминувањето низ наплатните рампи...

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот:...

Ако ви стигне овој мејл, никако не го отворајте – 30.000 луѓе веќе останаа без своите сметки

Истражувачите на Guardio открија нова фишинг операција наречена AccountDumpling, поврзана со актери во Виетнам, која го користи Google AppSheet како „фишинг релеј“ за испраќање...
spot_img