27.9 C
Shtip
spot_img

Оригинален рецепт на бургер такосите од McDonalds

Доколку го обожавате вкусот на храната од McDonald’s и други слични ланци за брза храна, имаме идеален рецепт за вас. 

Наместо со леб, се прави со тортилја, па можеби е за нијанса подобар избор. 

Може да си го направите како брз ручек или за мезе дружење со пријателите. 

Потребни состојки (количината е по избор, зависи од вкупниот број на тортилји):

  • Мали тортилји (да не бидат преголеми, за да се свиткаат како такоси) 
  • Мелено месо (барем 500g)
  • Чедар кашкавал (толку парчиња колку што има тортилји или по желба – повеќе) 
  • Сол и бибер
  • Мешавина од зелена салата
  • Домати

За сосот:

  • Кечап
  • Мајонез
  • Сенф
  • Кисели краставички

Начин на подготовка: 

  • Наредете неколку тортилји на даска, а меленото месо оформете го во поголеми топчиња па ставете по едно врз секоја тортилја.
  • Сплескајте ги топчињата врз тортилјите за убаво да ги распоредите насекаде, па потоа зачинете ги одозгора.
  • Ставете ги да се запржат на тава со малку масло, така што од долната страна прво ќе биде плескавицата и почесто вртете ја во круг за да не загори (доколку сакате, можете и прво да ги запржите плескавиците од двете страни па да ја залепите тортилјата и да продолжите со постапката по следните чекори).
  • Потоа свртете така што тортилјата ќе дојде од долната страна, ставете парче (или две) чедар кашкавал врз плескавицата и затворете со капак за убаво да се стопи.
  • Во меѓувреме, направете го сосот со мерки „од око“ и по желба – повеќе кечап, малку мајонез и многу малку сенф за вкус, додадете ги и исечканите кисели краставички и добро измешајте.
  • Откако ќе ја извадите тортилјата, премачкајте со сосот врз кашкавалот, наредете малку домат и зелена салата (но не премногу) и превиткајте на пола.
  • Повторете ја постапката со сите тортилји и уживајте во вкусот!

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img