25.9 C
Shtip
spot_img

Што е Studio Ghibli и од каде потекнува виралниот (и контроверзен) тренд со AI анимирани слики?

Сликите генерирани со AI што деновиве ги гледаме насекаде, се инспирирани од филмовите на Хајао Мијазаки – јапонски режисер и основач на филмското студио Ghibli, кој преферира рачно цртање и всушност ја презира вештачката интелигенција како алатка за уметност и анимација.

shto-e-studio-ghibli-i-od-kade-poteknuva-viralniot-i-kontroverzen-trend-so-ai-generirani-sliki01.jpg

Деновиве сигурно и самите забележавте дека Фејсбук и Инстаграм се преплавени со слики во аниме стил, направени со помош на вештачка интелигенција.

Нова алатка на ChatGPT им овозможува на корисниците да ги претворат нивните фотографии во цртеж во аниме стил.

И, алатката брзо се прослави, а достапни станаа и други алатки за уредување фотки со истиот ефект.

Но, новата алатка предизвика и контроверзии бидејќи го копира стилот на реномираниот јапонски режисер Хајао Мијазаки, кој е основач на популарното филмско студио Ghibli.

Што треба да знаете за режисерот и неговото студио и зошто фановите ја критикуваат алатката?

Хајао Мијазаки е јапонски аниматор кој важи за еден од најдобрите режисери и артисти во историјата на анимацијата.

84-годишниот режисер го основал филмското студио Ghibli во 1985-та, а оттогаш има направено низа долгометражни аниме филмови кои денес се и светски познати.

shto-e-studio-ghibli-i-od-kade-poteknuva-viralniot-i-kontroverzen-trend-so-ai-generirani-sliki-6.JPG

Покрај огромниот успех во Јапонија, Мијазаки двапати има освоено Оскар за најдобар анимиран филм – за Spirited Away и за The Boy and the Heron.

Неговите филмови неретко црпат инспирација од јапонскиот фолклор, ја нагласуваат важноста на поврзаност на човекот и природата и секогаш будат чувство на носталгија.

Според многумина, Мијазаки е еден од ретките машки режисери во светот кои знаат да креираат силни и инспиративни женски ликови, без да ги сексуализираат.

Впрочем, неретко хероите во неговите филмови се токму силни девојки и жени.

shto-e-studio-ghibli-i-od-kade-poteknuva-viralniot-i-kontroverzen-trend-so-ai-generirani-sliki-7.JPG

Мијазаки е познат по тоа што избегнува да користи модерна технологија и преферира неговите филмови да бидат нацртани рачно.

Пред неколку години и ја критикуваше вештачката интелигенција како алатка за уметност, а токму поради овој негов став, алатката на ChatGPT предизвика и контроверзија.

Во документарец од 2016 година, режисерот коментира анимација направена со помош на вештачка интелигенција.

„Во минатото, секое утро, гледав мој пријател кој имаше попреченост. За него беше тешко и само да ме поздрави – мускулот во раката му е згрчен и не може да ја достигне мојата дланка.

Сега, кога мислам на него, не можам да го гледам ова (анимацијата) и да мислам дека ми е интересно.

Кој и да го направил ова, нема поим како изгледа болка. Згрозен сум… Мислам дека ова е навреда на самиот живот.

Ако сакате да правите морничави работи, слободно користете ја алатката. Но, јас никогаш нема да ја искористам оваа технологија во мојата уметност“.

shto-e-studio-ghibli-i-od-kade-poteknuva-viralniot-i-kontroverzen-trend-so-ai-generirani-sliki-02.JPG

Веќе извесен период се дебатира за уметноста создадена со вештачка интелигенција.

Дел од јавноста, особено луѓе кои се артисти, сметаат дека алатките како ChatGPT користат туѓи дела без дозвола за да генерираат слика – слично како што се користат филмовите на Мијазаки за новиот тренд.

shto-e-studio-ghibli-i-od-kade-poteknuva-viralniot-i-kontroverzen-trend-so-ai-generirani-sliki-03.JPG

Низа фанови на режисерот веќе се огласија на социјалните мрежи:

„Супер, сега стилот на Мијазаки ќе го поврзуваме со мрзлива и досадна содржина и во иднина сите ќе мислат дека овие филмови се генерирани со вештачка интелигенција, а не дека се создадени од врвни артисти“.

„Треба да се засрамиме од трендот, особено кога ќе се земе предвид колку Мијазаки се бореше да го зачува виситнскиот идентитет на неговите филмови“.

„Се надевам дека Studio Ghibli ќе ги тужи Open AI (компанијата зад ChatGPT)“.

Вирално се споделува и кратка сцена од филмот Wind Rises на Studio Ghibli. Сцената е рачно нацртана и трае само четири секунди, но на аниматорот кој ја правел му биле потребни една година и три месеци за да ја заврши.

И, многумина сметаат дека талентот, трудот и љубовта што се вложени ја прават сцената многу поубава.

Засега ни познатиот режисер, ни од студиото се немаат огласено за трендот.

━ повеќе содржини

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со трака

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со селотејп, компанијата објаснува дека немало опасност За Ана Савин, патничка на лет на...

Шест тешки месеци од трагедијата во Кочани, раните не зараснуваат

Денес (среда, 16.09) навршуваат точно 6 месеци од трагичната ноќ во дискотеката Пулс во Кочани. Раните не зараснуваат, болат и болат се посилно. Во Штип...

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите

Новата сезона на фудбалската Лига на шампиони започнува вечерва, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани...

Пензионери освоија 12 милиони евра, а со денови не знаеле: Тикетот им стоел на фрижидер

Сонот што стоел на фрижидер: Постара двојка од Мелбурн со денови не знаела дека освоила 12 милиони евра на лотарија Во приказна што го докажува...

Слеп човек повторно прогледа по 20 години благодарение на уникатна операција „заб во око“

Повеќе од две децении, 34-годишниот Брент Чепмен од Канада живееше во темнина. Сега повторно може да гледа благодарение на исклучително ретка хируршка процедура наречена...
spot_img