29.2 C
Shtip
spot_img

Почна походот за сезонска работа во странство

Агенциите кои посредуваат при вработување сезонци во странство велат дека интересот е голем, но дека голем број работници заминуваат без нивно посредство. Дел од нив се вработуваат преку познајници, а дел се јавуваат на огласите директно кај  работодавачите. Годинава има интерес за работа во Хрватска, Црна Гора, а има огласи и за Грција, Кипар и за други земји.

И годинава во хотелите во домашните туристички центри ќе работат странци, бидејќи македонските угостителски работници од овој месец веќе заминуваат на сезонска работат во странство. Интересот за работа во другите туристички земји расте бидејќи платите се повисоки од домашните, а странците кои доаѓаат кај нас се подготвени да работат за нашите плати. Најголем интерес за работа во хотели и во други угостителски објекти има за во Хрватска, Црна Гора, Грција и во Кипар.

Од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) велат дека, како и минатата година и годинава, кусокот од работна сила ќе го пополнуваат како знаат и умеат.

– Проблемот со заминување на работниците на сезонска работа се повторува секоја година. Веќе следниот месец дел од работниците заминуваат на сезонска работа. Ќе се покриваме некако и годинава со обезбедување работници од странство. Минатата година се покажаа добри работниците кои ги увезовме и се надевам дека и годинава ќе биде така – вели претседателот на Асоцијацијата Крсто Блажески.

Агенциите кои посредуваат при вработување сезонци во странство велат дека интересот е голем, но дека голем број работници заминуваат без нивно посредство. Дел од нив се вработуваат преку познајници, а дел се јавуваат на огласите директно кај  работодавачите. Годинава има интерес за работа во Хрватска, Црна Гора, а има огласи и за Грција, Кипар и за други земји.

– Интересот за сезонска работа во Хрватска годинава е поголем од лани. Таму годинава пораснаа платите, посебно минималната плата што доведе до поголем интерес на кандидати за пониските позиции (собарки, хигиеничарки…). Овој месец заминаа првите работници кои се јавија на декемвриските огласи, а се очекува во наредниот период да заминат и останатите – вели Милан Џинлев од агенцијата за посредување при вработување во странство „Приорити солуции“.

Оваа агенција соработува со големите хотелски комплекси во Хрватска и нејзините очекувања се дека во сезоната ќе испрати 200 сезонци што зависи од тоа колку од граѓаните кои сакаат да работат во странство сакаат да се вработат преку агенција за посредување при вработување.

– Соработката со овие хотели ја прави посигурна работата на сезонците бидејќи се со корпоративно управување и со почитување на законите, па и работниците кои заминуваат на работа таму знаат што ги очекува. Бројот на луѓе кои ќе заминат зависи од потребите на хотелите кои се движат во просек по 30. Но да бидеме јасни, во овие хотели не се вработуваат само работници од Македонија. Од годинава покрај работници во угостителството и туризмот, подготвуваме работници и за компанијата „Плива“, а во тек се преговори и со уште еден производител на храна – вели тој.

Од агенциите велат дека висината на платата зависи од работното место, искуството, вештините и од работодавачот, но се повисоки од ланските.

━ повеќе содржини

Заврши асфалтирањето пред ОУ „Ванчо Прке“ и ТЦ – следува градежна офанзива

Завршени се градежните активности за асфалтирање на платформата пред основното училиште „Ванчо Прке“, како и на конзолата пред Трговскиот центар. Овие зафати се дел...

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...
spot_img