Родителите на сопругот ми подарија престилка за готвење направена од фармерки“, „Фармерките ми се направени од материјал за завеси, а цветовите се од постелнина од детството“ – луѓе кои со својата креативност и вештина им дале втор живот на работите кои биле за фрлање.
Некои луѓе ги фрлаат или подаруваат сите стари работи кои веќе не ги носат бидејќи се уништени, не им се точни или им поминала модата.
Но, има и такви кои освен што се емотивно врзани за работите, имаат и креативна страна и на генијален начин успеваат да им дадат втор живот на работите.
Луѓе на Редит споделуваат фотки од работите кои ги направиле од стари материјали, чевли или парчиња облека:
„Направив маска за лице од стари патики“

„Ми беше здодевно па направив маска за телефон од стари фармерки“

„Си направив торба од ќебиња кои ми стоеја така со години“

„Делови од стари фармерки ги претворив во нова тексас јакна“

„Две машки кошули претворени во женски фустан“

„Додадов странични парчиња на моите фармерки и сега се како нови“

„Сошив светкава апликација со змеј на старата јакна и ја освежив“

„Направив јакна од три пара работнички панталони“

„Фармерките се направени од материјал за завеси, а цветниот материјал е од постелнина од детството“

„Си направив торба со џебови за алати од стари фармерки“

„Ми подарија престилка за готвење направена од фармерки“
