25 C
Shtip
spot_img

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС.

Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.

„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС.

Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места. На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака).

Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.

Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img