Најголемото одбојкарско дерби во Македонија се игра вечерва (11.03.2025) во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, во 18 часот се среќаваат екипите на Штип УГД и Струмица. Во моментов, лидер на табелата е Струмица, со 49 бодови, а Штип УГД има два помалку, 47. Ривалството меѓу двете екипи е евидентно последните години, минататасезона тие играа во финалето и на првенството, каде подобра беше Струмица, како и во Купот, во кој историска победа однесе Штип УГД.
Се очекува квалитетна одбојка и голема борба во Штип, а директен пренос од натпреварот може да се проследи на МРТ 3.