18.2 C
Shtip
spot_img

Штипјанката Марија Атанасова: Хуманитарка со големо срце за децата

Марија Атанасова од Штип направи силен впечаток на Фестивалот на музика „Макфест“ не само со својата песна, туку и со уникатниот стајлинг и хуманост, што ја издвојува од останатите.

Таа се појави во необичен фустан, кој носи посебна порака.

Фустанот е целосно исцртан, а неговата цел е да помогне на деца со посебни потреби.

— Фустанот го изработи Модно студио „Бела“ од Штип, а во подготовката учествуваа дечињата од Астибова градинка и од дневните центри за деца со попреченост од Штип. Во текот на следната недела ќе објавиме наддавање за фустанот, а средствата ќе бидат донирани на децата со попреченост во Штип. Аукцијата ќе биде објавена на моите профили на социјалните мрежи, ни рече Марија и додаде:

— Одсекогаш сум сакала да помагам на најранливите категории и да се дружам со децата. Тие цртаа на фустанот. Атмосферата додека се работеше на фустанот ќе ми остане во спомен засекогаш, истакна Марија.

Оваа година, Марија беше единствената штипјанка што настапи на „Макфест“ и ја покажа својата хуманост. Таа настапи со песната „Ти си ми се“ и продолжува да студира музика на Универзитетот во Штип.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img