30 C
Shtip
spot_img

Започнува доизградбата на Клиничкиот центар во Штип следната година

До крајот на годината, во штипската Клиничка болница, се очекува да започнат со работа приватни специјализанти, со планиран број од околу десеттина. Оваа иницијатива ќе помогне во решавањето на недостигот од медицински кадар во најголемиот центар за лекување во источниот дел на државата. На државно ниво, од вкупно 600 апликации, 480 се од приватни специјализанти.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави: „По интересот на болниците така и ќе постапуваме. За Штип, околу 30 доктори изразуваат интерес, не само од Штип, туку и од околните места. Што ќе каже директорот, односно што му е приоритет, ние така ќе постапиме.“

Д-р Владко Захариев, директор на Клиничката болница во Штип, истакна дека најголемиот недостаток се на Одделенијата за анестезија, ортопедија и гинекологија, како и општите хирурзи и интернисти.

Министерот додаде дека изградбата на нова Клиничка болница е приоритет и изрази оптимизам дека градежните активности ќе започнат наредната година. „Со одлука на Владата, се дава овластување на Министерот за здравство да ја подели документацијата со заинтересираните компании кои сакаат да ги разгледаат болниците во Кичево или Штип и да понудат проекции за продолжување на проектите.“

Што се однесува до модуларните болници, Таравари информираше дека модуларната болница на Инфективната клиника ќе биде преземена од Министерството за одбрана, а ќе се бара решение и за останатите. Исто така, беше промовиран нов апарат за дигестивна хирургија и урологија, вреден 200.000 евра, финансиран од Министерството.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img