28.7 C
Shtip
spot_img

„Екранска зависност: Треба ли да се забранат мобилните телефони во училиштата?

Паметните телефони се неизоставен дел од животот на децата и возрасните, но преголемата употреба на екраните може да доведе до негативни последици, познати како „екранизација“, што може да ги попречи социолошкиот развој и психолошкото здравје на младите. Високата изложеност на мобилни телефони во училиштата претставува предизвик и за образовниот систем, што доведе до воведување на забрани во некои земји, како Холандија и Франција.

Во Македонија, не постои законска регулатива за мобилните телефони во училиштата, но некои училишта имаат интерни правила. УНЕСКО ја потврдува потребата од ограничување на мобилните телефони поради нивното негативно влијание на образованието.

Повеќе земји, вклучувајќи ги Франција и Холандија, веќе имаат забрани за мобилни телефони во училиштата, а резултатите покажуваат дека овие мерки може да го подобрат академскиот успех. Други земји, како Албанија и Србија, исто така разгледуваат мерки за ограничување на користењето на мобилни телефони во образовните институции.

Во Македонија, Министерството за образование планира да се занимава со ова прашање, но моментално постојат само интерни ограничувања во училиштата. Родителите и образовните институции треба да се фокусираат на намалување на употребата на мобилни телефони и промовирање на активен живот надвор од екраните.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img