26.9 C
Shtip
spot_img

98 луѓе загинаа на концерт откако се урна кров на ноќен клуб!

Најмалку 79 луѓе загинаа (неофицијално се 98), а 155 се повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.

Според Би-Би-Си, загинале најмалку 98 лица, а 150 се повредени.

Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез.

Весникот Listín Diario‘, цитирајќи го менаџерот на Перез, објави дека загинал и музичарот. Локалните власти првично не ја потврдија информацијата. Перез, кој беше популарен во Латинска Америка, првично беше пријавен меѓу повредените.

Во несреќата загина и регионалната гувернерка на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз, објави нејзиниот брат на Инстаграм.

Почина и поранешниот бејзбол играч Тони Бланко, кој играше во САД девет години и уште осум во Јапонија, соопшти бејзбол лигата.

Причината за уривањето на кровот се уште е нејасна.

Повеќе од 300 спасувачи бараат затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

– Се додека има уште надеж, ќе продолжиме да работиме. Има знаци кои нè наведуваат да веруваме дека сè уште може да има преживеани, рече Мендез и додаде дека властите нема да се откажат се додека и последниот човек не биде извлечен од урнатините.

Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на X.

– Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој.  (МИА)

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img