Договорот е потпишан. Штип ќе добие Центар за рехабилитација на лица со попреченост.
Штип ќе добие Центар за рехабилитација на лица со попреченост за што денес е потпишан договор помеѓу општината и Министерството за труд и социјална политика. Капацитетот ќе биде околу 40-тина дечиња. Следните неколку месеци ќе биде избран изведувачот, па ќе отпочне градбата. – изјави градоначалникот Иван Јорданов