27.6 C
Shtip
spot_img

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика

По емотивната концертна средба со публиката во Скопје Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат во градот кој за неа има посебно место во срцето – Штип. На 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“, таа ќе одржи концерт кој ќе биде подарок за публиката, вечер исполнета со музика, емоции и благодарност за долгогодишната поддршка.

Штип за Бојана не е само уште еден град на концертната мапа, туку потсетник на едни од најважните моменти во нејзината кариера. Токму таму, на сцената на легендарниот фестивал Макфест таа ги освои двете свои големи победи – првата во 2003 година со песната „Немам одбрана“, а втората во 2015 година со „Диви цветови“. Од Штип, симболично, тргна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“, музички проект кој две години патуваше низ речиси сите градови во земјата, создавајќи незаборавни средби со публиката.

„Пролетта дефинитивно започнува со музика. Со нетрпение го очекувам концертот во Штип. Овој град секогаш ме потсетува на убави моменти и големи емоции. Се подготвувам со многу љубов и возбуда и едвај чекам да дојде 21 март“, вели Бојана.

Концертот ќе биде бесплатен за публиката, како знак на благодарност за долгогодишната поддршка. На репертоарот ќе се најдат некои од нејзините најпознати песни, но и дел од поновите музички приказни, во вечер која ветува искрена емоција, блискост и вистинска концертна атмосфера.

Штипската публика на 21 март ќе има можност повторно да ја почувствува енергијата на Бојана – гласот што со години ја раскажува приказната на македонската поп музика, токму таму каде што се испишани дел од нејзините најубави страници.

Концертот на 21 март во Штип нема да биде само уште еден настап, туку музичка благодарност, враќање на спомените и ново поглавје во долгогодишната врска меѓу Бојана Скендеровски и нејзината публика.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img