12.7 C
Shtip
spot_img

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката, каде беше презентирана модернизацијата на производството.

Беше нагласено дека Владата дала поддршка во процесот на инвестирање, при што сопствениците на компанијата искористиле заем за вложување во нови производствени линии и современа технологија.

„За мене навистина претставува големо задоволство што и ние како Влада на некој начин придонесовме овој производствен капацитет да добие поинаква физиономија. Сопствениците на ‘Актива Штип’, користејќи го заемот за кој зборувавме и претходно, инвестираа во нови производствени капацитети кои носат значајна додадена вредност, како за македонската економија, така и за локалната економија овде во Штип“, беше посочено при посетата.

При увидот во производствениот процес беше истакнато дека модерната технологија, особено роботските системи кои паралелно работат во производството, претставуваат значаен чекор кон зголемување на продуктивноста и конкурентноста на компанијата.

„Од она што имав можност да го видам, но и од една поинаква перспектива, како машински инженер, можам да кажам дека сум исклучително пријатно изненаден и навистина воодушевен, особено од роботските системи кои паралелно работат, произведуваат и создаваат додадена вредност“, беше нагласено.

Ова, како што беше посочено, има големо значење за државата, за Владата, но и за локалната економија во Штип, која директно има бенефит од развојот на производствените капацитети.

Од Владата порачаа дека и во иднина ќе продолжат со политики и мерки кои ќе овозможат македонските компании да се развиваат и да придонесуваат за економскиот раст на државата.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img