23.5 C
Shtip
spot_img

Децата на Марадона забранија користење на името на славниот фудбалер

Децата на покојната аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Армандо Марадона го добија судскиот спор што го водеа со сестрите на Марадона за правото да го користат неговото име за комерцијални цели.

Спорот настана кога сестрите на Марадона, Лили и Рита, му дадоа дозвола на британскиот бизнисмен Санџај Вадвани, кој се опишува себеси како суперфан на фудбалската ѕвезда, да го користи името на Марадона на предмети како што се пијалоци, храна, облека и игри, како и да основа добротворна фондација за зачувување на фудбалското наследство со неговото име.

Вадвани дури поднесе и барање до Агенцијата за интелектуална сопственост (IPO) за заштита на името на Марадона, како и неговиот потпис заедно со бројот „10“, кој го носеше на дресот, пишува Times.

Бизнисменот рече дека верува оти сестрите имаат законско право на името, бидејќи му било кажано дека Марадона ги лишил неговите деца од наследство.

Тврдењето на Вадвани беше оспорено од страна на IPO во врска со петте деца што Марадона ги имал со три различни жени, а IPO рече дека „доказите покажуваат дека децата се наследници“ на покојниот фудбалер.

Адвокатката за интелектуална сопственост, Роуз Гилрој, рече дека барањето е поднесено во „лоша намера“ во обид да се „проневери наследството на Марадона“ и ја опиша пресудата како „силна потврда за правото на наследниците да го заштитат наследството на покојната икона“.

Пресудата наводно го изненадила Вадвани, кој рекол дека не бил свесен за рочиштето сè додека не бил контактиран од Times и додаде дека поднел жалба на пресудата.

„Поминав многу време со сестрите на Диего Марадона и, врз основа на она што ми го кажаа, бев навистина убеден дека Диего Марадона ги лишил од наследство своите деца и дека ги префрлил правата на своето име, со кои управуваа сестрите. Имав договор со сестрите за разни права на интелектуална сопственост и правото да го користам неговото име насекаде во светот“, рече тој.

Британскиот бизнисмен, исто така, рече дека платил стотици илјади фунти на една од сестрите на и дека договорот вклучувал преземање на последните 493 фудбалски дресови потпишани од Марадона, од кои повеќето ги продал на продавач на сувенири за 2.000 фунти по парче, но дека не ги покрил сите свои трошоци.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img