20.2 C
Shtip
spot_img

Штип ќе добие две нови населби – една од нив ќе се вика „Аеродром“

Во рамки на урбанистичкото проширување на градот, Штип наскоро ќе добие две нови населби, а една од нив веќе го доби и своето име – „Аеродром“.

Новата населба е планирана веднаш до постоечката населба Три Чешми, на патот кој води кон аеродромот во селото Сушево. Оттука и инспирацијата за името – „Аеродром“. Според првичните информации, во оваа зона се предвидени нови станбени и комерцијални објекти, како и модерна инфраструктура што ќе обезбеди подобро поврзување со центарот на градот.

Втората населба сè уште не добила официјално име, но се очекува и таа да понуди нови можности за домување и урбан развој на Штип, кој последниве години бележи постојан раст.

Проектот е дел од пошироката стратегија за развој на урбаното јадро и периферијата на градот, со цел создавање поквалитетни услови за живеење и привлекување нови инвеститори.

━ повеќе содржини

Во сабота, ФК Брегалница го игра еден од најважните натпревари оваа сезона!

Фудбалскиот клуб Брегалница на големо се спрема и го очекува саботниот дуел против струмичка Беласица, кој според сите анализи е еден од најважните оваа...

Бесплатен Wi-Fi во паркот К’ртеќе и Дино Паркот во Штип!

Граѓаните и посетителите на град Штип од сега ќе можат бесплатно да користат јавен Wi-Fi интернет на две локации – Парк К’ртеќе и Дино...

Крај на енормно високите цени на лежалки во Грција летово!

Грција задава силен удар на неконтролираната комерцијализација на морето, воведувајќи „црвена зона“ за дури 251 плажа низ земјата. Според новите, драстично построги правила, овие...

ВО МАКЕДОНИЈА ДОМИНИРААТ СТАРИ АВТОМОБИЛИ: ПОВЕЌЕТО ВОЗИЛА СЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2010 ГОДИНА!

На патиштата низ земјава доминираат постари патнички возила, при што значителен дел од автомобилите во Македонија се произведени пред 2010 година, покажуваат податоците за...

Се повреди Лозано – го чека долга рехабилитација

На пејачот Влатко Лозаноски – Лозано од пред една година животот му е посветен на синчето Марко кое е неговиот фокус. Сепак, на тато Лозано...
spot_img