26.6 C
Shtip
spot_img

Штип добива нова културна искра: „Очи на Шопов“ стартува на 9 мај!

Штип оваа пролет ќе биде домаќин на една сосема нова, но веќе ветувачка културна манифестација – „Очи на Шопов“, што ќе се одржи од 9 до 13 мај 2025 година. Зад организацијата стои група амбициозни средношколци, поддржани од Фондацијата за развој на локалната заедница и СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“.Во чест на 43-годишнината од смртта на македонскиот поет Ацо Шопов, оваа манифестација нуди богата петдневна програма со ликовни и литературни конкурси, како и натпревари во ораторство и рецитаторство. Конкурсите се отворени за ученици од основните и средните училишта во Штип.

Темите и категориите се следниве:

🔹 Ликовен конкурс: „Низ очите на Шопов“
🔹 Литературен конкурс (I-IV одд.): „Јас во стиховите на Шопов“
🔹 Литературен конкурс (VI-IX одд.): „Шопов е минато, сегашност и иднина“
🔹 Средно образование – проза и поезија: „Младите гледаат преку очите на Шопов“
🔹 Ораторство: „Шопов војува со перото“
🔹 Рецитаторство: Слободен избор од творештвото на Шопов

Краен рок за пријавување е 30 април 2025 година, а пријавите се испраќаат на ocinasopov2025@gmail.com со соодветна назнака по категорија.

Настаните од манифестацијата кулминираат со доделување на награди на 11 мај од 13:30 часот, а изложбата на сите ликовни творби ќе биде отворена на 9 мај од 18:00 часот во Штип.

Ова е вистинска можност младите да го изразат својот талент и да го оживеат ликот и делото на Шопов преку уметноста.
Не чекај – покажи што гледаш низ очите на Шопов!

Автор: Даница Среткоска

━ повеќе содржини

НАД 110 ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ БАРААТ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПЛАТИ И ПРИДОНЕСИ, А ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ ДОДЕКА СОПСТВЕНИЦИТЕ ГО ПРОДАВААТ ОБЈЕКТОТ ЗА 2 МИЛИОНА ЕВРА

За деловен објект во кој 17 години работеле над 110 работници во две штипски конфекции на странска компанија од Германија со менаџери од Бугарија,...

Каде се најевтини лежалките на море во 2026 во регионот?

Летната сезона е во полн ек, а илјадници Македонци веќе ги планираат или ги поминуваат своите одмори на плажите во Грција, Албанија и Црна...

Со што да се храните за подобра регулација на шеќерот во крвта?

Правилната исхрана има важна улога во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта. Изборот на намирници богати со влакна, протеини и здрави масти...

Ветерниот парк во Штип е инвестиција од 400 милиони евра, најавува Мицкоски

Со 1,5 милијарди евра државата самостојно ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, за кои моментално се работи на физибилити студија, откако во изминатите триесетина...

Во фокус е завршувањето на процедурите на КБ, факултетот и студентскиот дом во Штип

Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот...
spot_img