Дора Милева достоинствено ги промовира СОУ „Јане Сандански“ – Штип, нашиот Штип и Македонија на меѓународната сцена во областа на природните науки!
И во овие летни денови пристигна уште едно големо признание за нејзината посветеност, знаење и талент. Дора е добитник на специјална награда и диплома за посебни достигнувања на Серуската олимпијада за ученици 2025/26 по биологија за сениори, која се одржа од 28 до 30 април 2026 година.
Sirius Educational Center – DIPLOMA FOR SPECIAL ACHIEVEMENTS
Грамота за успешно настапување
Invitational Stage of the All-Russian Olympiad for School Students 2025/26 – Biology (Senior)
Овој успех е уште една потврда дека младите таленти од Штип можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот. Зад секој ваков успех стојат многу труд, љубов кон науката, истрајност и непрекинато усовршување.
Дора, ти си вистински амбасадор на знаењето и инспирација за младите генерации! Твојот успех е гордост за цела Македонија.
Искрени честитки и уште многу меѓународни олимписки успеси во иднина!







