19.3 C
Shtip
spot_img

Штипските матуранти матура ќе полагаат на УГД

Средношколците од Штип кои годинава полагаат државна матура ќе го прават тоа во просториите и амфитеатрите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Министерството за образование и наука, во координација со универзитетите, презеде мерки за да се обезбедат потребните услови за безбедно и регуларно полагање.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека се направени сите подготовки за полагањето на државната матура, при што училиштата од Штип веќе се известени за распоредот по простории и кампуси.

Кампус 4 е определен како регионален центар за Гимназијата, додека останатите училишта ќе полагаат во Кампус 2. Сите кои пријавија потреба од соодветен простор ќе полагаат во амфитеатрите на Универзитетот ‘Гоце Делчев’“, изјави Јаневска и се заблагодари на ректорот и деканите за соработката.

Во Штип, но и во Битола и Скопје, ќе се користат универзитетски објекти за оваа намена.

Апелирам до учениците, родителите и наставниците да не дозволат препишување. Нашето образование има потреба од подобрување, и тоа може да го постигнеме само со искрен труд. Иднината на Македонија е во умните глави што мораме да ги мотивираме“, порача Јаневска.

Во однос на електронските индекси, министерката информираше дека процесот е веќе целосно спроведен на УГД, додека на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје некои факултети сѐ уште го имплементираат системот.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img