17.2 C
Shtip
spot_img

Карло Анчелоти официјално на клупата на Бразил!

Италијанскиот стручњак, актуелен тренер на Реал, Карло Анчелоти е новиот фудбалски селектор на Бразил.

Како што беше објавено, 65-годишниот стручњак потпиша договор до крајот на Светското првенство, кое ќе се игра следното лето во САД, Мексико и Канада.

„Најтрофејниот избор во историјата на фудбалот сега ќе го води најуспешниот тренер во светот. Карло Анчелоти, синоним за историски достигнувања, беше објавен овој понеделник од претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација, Едналдо Родригез, за ​​нов селектор на националниот тим. Италијанецот ќе го предводи Бразил на Светското првенство во 2026 година и ќе го тренира тимот веќе во следните два квалификациски натпревари против Еквадор и Парагвај, следниот месец“, се вели во соопштението на веб-страницата на Бразилската фудбалска асоцијација.

Родригез рече дека доведувањето на Анчелоти да го предводи Бразил е повеќе од стратешки потег.

„Ова е порака до светот дека сме решени да го вратиме првото место на подиумот. Тој е најголемиот тренер во историјата, а сега ја предводи најголемата репрезентација на планетата. Заедно ќе напишеме нови славни поглавја за бразилскиот фудбал“, рече Родригез, како што објави веб-страницата на ФС Бразил.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img