19.3 C
Shtip
spot_img

Во недела второ издание на детската трка “Децата под Исарот”

Оваа недела, на 18.05.2025 со почеток од 10:00 часот во Штип ќе се одржи второто издание на детската трка “Децата под Исарот” во организација на “Fit Gym Kiko”.

Рута на трчање ќе биде од гимназијата Славчо Стојменски до мостот на реката Отиња кај градската црква Свети Никола. Дечињата ќе се натпреваруваат во повеќе категории од 4 до 14 години. Стартот на трката ќе биде одделен. Во одделни групи ќе трчаат момчињата и девојчињата. Награди ќе добијат трите првопласирани момчиња и девојчиња во секоја возрасна категорија.

Детската трка ќе биде од хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани.

На трката се пријавени повеќе од 700 дечиња учесници.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img