20.1 C
Shtip
spot_img

Шампионите од одбојкарскиот клуб Штип УГД денес беа на прием кај градоначалникот и ректорот!

Освојувачите на двојната круна во машка одбојка, штипските одбојкари од ОК Штип УГД, денес беа на свечен прием кај градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов и Ректорот на Универзтитетот Гоце Делчев проф. Д-р Дејан Мираковски.

И Ректорот и градоначалникот упатија низа пофални зборови за сезоната која одмина, за двојната круна, за европското деби и европската деби победа. Исто така, изразија желба и уверување дека и во периодот што следи, тие посветено ќе ги следат игрите на штипските шампиони, и секако финансиски ќе ги помагаат како и досега.

Ректорот најави и низа поволности за сите чинители во клубот кои се студенти на Универзитетот Гоце Делчев, додека градоначалникот го потврди досега најавуваното, дека новата сала “Џексон” ќе биде нов дом на одбојкарите на Штип УГД.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img