26.7 C
Shtip
spot_img

УЈП ги достави годишните даночни пријави, граѓаните ќе треба да ги проверат и потврдат

Управата за јавни приходи достави до граѓаните 862.896 годишни даночни пријави за остварен доход во 2025 година, а сите даночни обврзници ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Граѓаните ќе треба да ја проверат точноста на податоците и да ја потврдат пријавата. Доколку има потреба треба и да ја дополнат пријавата со доходот кој не е опфатен или да ја коригирааат доколку утврди дека некој од износите не е точен.
Потврдата треба да се заврши до крајот на мај, а од УЈП велат дека по истекот на законскиот рок за потврдување, пријавите кои не се потврдени или коригирани ќе се сметаат за конечни.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот „е- Даночни услуги“, во најкраток можен рок да ја завршат таа обврска.

Обврзниците во чија пријава се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот и да ја внесат својата трансакциска сметка.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img