24.8 C
Shtip
spot_img

Почна уписот на првачињата во сите пет основни училишта во Штип, се очекува ист број како лани

Почна уписот на првачињата во сите пет општински основни училишта во Штип, надлежните апелираат строго да се почитува реонизацијата. Од Општина Штип информираат дека уписот ќе трае до 28 мај и ги повикуваат родителите навреме да ги пријават своите деца. Според најавите, се очекува бројот на запишани ученици да биде сличен како и минатата година. Право на упис имаат децата родени во текот на 2020 година, како и оние родени во јануари 2021 година, согласно законските одредби. Потенцираат дека реонизацијата донесена во 2025 година останува во сила и мора да се почитува при запишувањето.

,,Тој упис ќе трае до крајот на месецот, односно до 28 мај, така што очекува сите родители, кои имаат дечиња, кои се родени 2020 година или јануари 2021 година, согласно законот да се пријават во училиштата и да ги запишат своите деца. При уписот треба да се почитува реонизацијата. Реонизацијата во Општина Штип која то беше донесена во 2025 година, таа е официјална, важечка и можат да ја најдат во службен гласник на општината.“, вели Санева

Како што потенцираат од општината, при уписот родителите треба да донесат потребни документи, за да дечињата навремено се запишат во училиштата во нинвната населба.

,,При уписот родителтие треба да донесат извод од матична книга на родени на детето, личен документ со кој што ќе го потврдат своето родителство или старателство. Треба да се донесе и потврда дека детето ги има примено сите вакцини, кои што се потребни. Потврда дека има извршено стоматолошки преглед и офталмолошки преглед од надлежна здравствена институција и доколку детето има пречки во развојот на се донесе МКФ квалификација со одредено мислење за тоа.“, додава Санева

Согласно ситуацијата, бројот на дечиња и годинава се очекува да биде ист како лани. Според информациите и годинава со општината се очекува приближно 500 новозапишани првачиња.

━ повеќе содржини

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира!

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира, а реновиерањето ќе трае речиси две години, изјави директорката Гордана Барбашка. Деновиве треба да ја...

Нови законски одредби на Халкидики, бидете внимателни!

На полуостровот Халкидики во Грција, денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за...

Драстичен пад на цената на горивото – Бензинот поефтин за 4, а нафтата за 8 денари!

Конечно се намалуваат цените на горивата – РКЕ објави дека цените на бензините се намалуваат по 4 денари а дизелот поевтинува 8 денари. Во согласност...

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, лишени од слобода три лица, поднесена кривична пријава

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога...

Официјално: Марјан Србиноски е нов тренер на КК Соколи 1933!

На денешната прес-конференција на клубот, КК Соколи 1933 го промовираше новиот тренер, искусниот Марјан Србиноски. Популарниот "Марче" носи огромно искуство и кошаркарско знаење во...
spot_img