7.5 C
Shtip
spot_img

Уапсен зетот на покојниот новинар Зоки Фаци, му ги запалил станот и куќата во Катланово

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор Митровиќ, зет за сестра на покојниот естраден новинар Зоран Василевски Фаци го запалил станот во кој живееше Василевски, а сега живеат неговата сестра и двајцата внуци, како и куќата што ја имаше Василевски во Катланово. Првичните информации говорат дека сестрата и внуците на покојниот новиар подолго време биле жртви на семејно насилство.

Сестрата и внуците на неодамна починатиот естраден новинар Зоран Василевски Фаци со години трпеле терор од нивниот сопруг и татко Тодор Митровоќ кој долги години бил зависник од алкохол. Состојбата ескалирала кога тие пред неколку месеци го избркале од станот во кој живееше Василевски во Ново Лисиче, а сега се тие таму.

За случајот синоќа информираше јутјуберот и близок соработник на Василевски, Стефан Лазаров со апел за поголем ангажман на јавноста, но и надлежните за навремени интервенции во случаи на семејно насилство.

„Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат!Е сега сѐ ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од таткото на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира, им упатува закани по живот, хроничен алкохоличар е, пријавуван е сто пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие! Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега веќе поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил ‘аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас’?? Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово. Веднаш се јавуваат во полициската станица во Аеродром и повторно го добиваат одговорот ‘аман веќе од вас’. Откако го запалил ходникот, и колегите кои веќе се на увид во Катланово интервенираат кај колегите во Аеродром, дури тогаш полицијата излегуваат на терен!! Замислете ситуацијата денес да ескалираше и да имаше поголеми последици!!!!!?“, напиша Лазаров на својот фејбук профил.

Лазаров уште информираше дека Митровиќ е уапсен вчера вечер и околу 21 часот е изведен пред судија на претходна постапка.

„Ги повекувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати пријавуван за семејно насилство!!!“, напиша Лазаров на фејсбук.

━ повеќе содржини

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Со сопругата Мина ја доби ќерката Лола, име кое родителите заеднички го избраа. За брачната двојка...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството во Скопје против Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), под сомнение дека ја злоупотребил...

Лукоил продаден на Американци

Вториот најголем руски производител на нафта, Лукоил, соопшти дека постигнал договор за продажба на поголемиот дел од своите средства во странство на американската инвестициска...

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника Жан Митрев се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е...

Најактуелните филмови и серии на Нетфликс!

Анимираниот филм „Кеј-поп: Ловци на демони“ стана најгледан филм на „Нетфликс“ во период од шест месеци, со што дефинитивно ја зацврсти својата позиција како...
spot_img