22.1 C
Shtip
spot_img

Градоначалникот Јорданов ги посети “Соколите” пред плеј-оф натпреварите

На последниот тренинг пред најважниот натпревар од сезоната, воедно и почеток на плеј оф серијата во втората кошаркарска лига, присиствуваше и градоначалникот Иван Јорданов. Од клубот на социјалните мрежи изјавија:

“На вчерашниот тренинг нѐ посети градоначалникот на општина Штип г-дин Иван Јорданов. При посетата, тој изрази голема благодарност за досегашното залагање на кошаркарите и за пласманот до сега. Им даде поддршка на целокупниот стручен штаб и играчки кадар за игрите кои претстојат во претстојниот плеј-оф. Како и до сега, потврди дека општина Штип стои и ќе стои зад клубот во амбициите за прва лига!

Изразуваме благодарност!

Се гледаме во 19:00 во сала!”

Потсетуваме дека првиот натпревар против КК “Бутел” се игра денес во 19:00 часот во СЦ “Јордан Мијалков”.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img