20.9 C
Shtip
spot_img

Тренерска трансфер бомба во Серија А, каде оди Јирген Клоп?

Сензација во Серија А Јирген Клоп ја презема Рома.

Италијанците тврдат дека се е готово: Во 22.57 Јирген кажа „ДА“!

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп се враќа на тренерската работа, иако најавуваше нешто друго.

Италијанската „Ла Стампа“ тврди дека познатиот стручњак од следната сезона ќе го води тимот на Рома од клупата.

Германскиот стручњак ја прифатил понудата на Рома и од следната сезона од клупата ќе го води славниот римски клуб, открива „Ла Стампа“.

Неговото доаѓање во Рома ќе биде официјално потврдено во наредните денови.

Рома сакаше наследник на легендарниот Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската пензија, да биде славниот Карло Анчелоти, но откако Дон Карло ја прифати понудата на Бразил, популарната Волчица од Рим се сврте кон Клоп.

„La Stampa“ истакнува дека Клоп својата конечна потврда ја дал во недела во 22:57 часот, веднаш по завршувањето на натпреварот Рома – Милан.

Рома има амбициозни планови за следната сезона. Идејата е со Клоп да се доведат шест нови играчи – три сериозни засилувања за стартната постава и тројца играчи кои би ја зголемиле конкуренцијата во тимот.

Јирген Клоп со голем успех девет години го водеше славниот Ливерпул. Со „црвените“ ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Купот Карабао, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img