18.6 C
Shtip
spot_img

Силно невреме на Миконос!

Драматични видеа, објавени на социјалните мрежи, сведочат како надојдените води ги поплавуваат улиците и влечат паркирани автомобили со себе. За среќа, според надлежните, нема настрадани лица

Силно невреме со пороен дожд денеска попладне ги зафати Кикладите (група острови) во Егејското море, а најпогодени се островите Парос и Миконос каде улиците се претворија во реки од предизвиканите поплави, јави МИА од Атина.  

Поради последиците од невремето надлежните власти испратиле пораки до жителите и посетителите на осторовите со кои ги информирале дека е забранет сообраќајот за сите возила, освен за оние за итни случаи.  

Надлежните на Парос и Миконос, соопштиле дека утре училиштат и на двата острови ќе останат затворени.  

Драматични видеа, објавени на социјалните мрежи, сведочат како надојдените води ги поплавуваат улиците и влечат паркирани автомобили со себе.  

Градоначалникот на Парос, Костас Бизас за грчката телевизија ЕРТ рекол дека невремето започнало околу 15 часот и предизвикало проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката.  

За среќа, како што посочил, нема повредени лица. 

Од бројот за итни случаи – 112 била испратена порака со која ги повикале жителите и посетителите на Парос „поради опасните временски појави што го зафатија островот, како и големите штети што се предизвикани на патната мрежа, да не се сообраќаат по патната мрежа“. 

„Оштетувањата на патната мрежа опфаќаат одрони, поплави и уривања на делови од мрежата, што го прави сообраќајот опасен. Општината во соработка со надлежните служби прави максимални напори за справување со вонредната состојба. Се молат сите жители и посетители на островот да ги следат упатствата на надлежните органи“,соопштиле од општината, а кусо подоцна преку ново соопштение информирале и дека сите училишта на островот ќе останат затворени. 

Пораки да останат во своите домови додека трае невремето, како и информација за училиштата била испратена и до жителите на Миконос.  

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img