8.9 C
Shtip
spot_img

Растение кое помага против мигрена! Древните народи се колнеле во него

Камилицата најчесто се користи за да лечи болки во абдоменот, воспаление на внатрешните органи, и како седатив. Може да се користи и за подготовка на хербален чај, а од неа се прават и креми и лосиони кои имаат чудотворно дејство за нашата кожа.

Еве кои се најголемите придобивки од оваа билка, која сме сигурни дека на пролет сите ја среќавате во дворовите и парковите.

Помага да спиете подлабоко

Ако имате проблеми со инсомнија, чајот од камилица е одличен лек за вас. Неколку студии биле направени на ова поле, и чајот од камилица се покажал како подобар лек за спиење отколку многу хемиски обработени лекарства. Пиењето на шолја чај од камилица пред спиење ќе помогне побрзо да заспиете, и да имате поздрав сон.

Здравје на стомакот

Друг огромен бенефит на камилицата е што таа е еден од најдобрите лекови за проблеми и болки со стомакот и внатрешните органи. Камилицата содржи силни анти инфламаторни и антибактериски својства, кои помагаат да се намали болката во стомакот, грчевите, киселината, надувањето и гасовите.

Лек за мигрена

Чајот од камилица успешно помага и кај луѓето кои патат од мигрена и болката која следува после нападите. Ги прави мускулите порелаксирани и овозможува подобар сон, што е многу корисно бидејќи неспиењето е честа причина за јавување на мигрените. Добро влијае и при главоболки од грип, стрес и нервоза.

Ја осветлува кожата и ги намалува подочниците

Покрај здравствените благодети на камилицата, таа е и една од омилените состојки за луѓето кои посветуваат внимание на убавината и здравата кожа. Чајот од камилица, како средство за миење на лицето е корисен за осветлување на кожата, и за отстранување на темните кругови околу очите.

Хемороиди

За оние кои патат од хемороиди, маста е популарен начин да се ослободат од болката инстантно. Чајот од камилица е одлична состојка за да се направи маст за хемороиди.

Дијабетес

Луѓето со дијабетес можат да уживаат во здравствените благодети на камилицата со пиење на неколку шолји чај дневно. Помага да се управува со дијабетесот и го намалува шеќерот во крвта. Таа успешно го регулира нивото на шеќер во крвта, без да влијае на инсулинскиот систем на лекување.

Го подобрува имунолошкиот систем

Чајот од камилица е најверојатно најдобар чај за подобрување на имунитетот. Неодамнешна студија покажала дека луѓето кои секојдневно конзумираат чај од камилица имаат повеќе од антибактерискиот елемент во телото наречен хипурат. Содржи и антиоксидантни состојки кои помагаат да се изгради силен имунолошки систем.

━ повеќе содржини

ЕВЕ КОГА ЌЕ СПИЕMЕ НАЈДОЛГО: ДОАЃА НАЈДОЛГАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА!

Зимата официјално започнува во недела, на 21 декември 2025 година, во 16 часот и 3 минути. Со овој момент започнува астрономската зима на северната...

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков награден во Молдавија

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков, продолжува да добива признанија надвор од границите на меѓународна сцена. За неговиот исклучителен успех и освојувањето на титулата во БМУ...

Евро монетите се менуваат од 1 јануари 2026 година – ќе биде вклучено кирилично писмо

Бугарија ќе го усвои еврото на 1 јануари 2026 година, станувајќи 21-ва земја на ЕУ што ќе се приклучи на единствената валута. Како и...

Илон Маск е првиот човек чие нето-богатство надмина 600 милијарди долари

Маск повторно руши рекорди, но не во технологијата. Имено, тој стана првата личност што надмина 600 милијарди долари нето вредност, според пресметките на списанието...

Осуденик пронајден починат во затворот во Штип

Четириесетгодишен осуденик од Скопје, кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, е пронајден починат во својата соба, информираат од Секторот за внатрешни...
spot_img