20.3 C
Shtip
spot_img

Растат трошоците за живот

4% раст на трошоците за живот во април споредбено со истиот месец лани, пресмета Државниот завод за статистика. Цените на мало, пак, се зголемиле за три и пол отсто. Инфлацијата во однос на март, според статистика, изнесува 0.7%.

„Зголемувањето на инфлацијата во април 2024 година, во однос на март 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт, комуникации, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки, рекреација и култура, ресторани и хотели, разновидни стоки и услуги и здравје“

Од агро-бинзис комората велат цените ќе бидат стабилни во наредните месец до два, но турбуленциите на блискиот исток се неизвесни и можат да ја покачат цената на нафтата. А поскапа нафта, значи и поскапи суровини.

„Од агро-бизнис комората тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни прехранбени производи како житото, пекарските производи. Големиот притисок и проблеми кои ги имаме се од друга природа, можеме да ги истакнеме и во овој момент, тоа се проблемите со човечките ресурси. Големиот одлив на човечки ресурси, посебно во овој сегмент што работат, кон западните земји како и кон туристичките земји како што Хрватска, Грција и другите земји. Имавме и покачување на минималната плата и сето тоа одразува да таму имаат поголеми трошоци компаниите отколку во однос на цените на суровините кои во овој момент имаат стабилна вредност“ – Горан Ѓорѓиевски, претседател на агро-бизнис комора

Втор месец по ред пораст има и кај светските цени на храната. Зголемувањето најмногу се должи на поскапувањето на месото, маслото и житариците.

Потрошувачката кошничка во земјава надмина 60 илјади денари за минатиот месец и тоа за покривање само на најосновните животни потреби.

━ повеќе содржини

Штип воведува иновација во управувањето со отпад: Поставување на првите подземни контејнери

Штип, 16.05.2024: Општина Штип започна со поставување на првите подземни контејнери за отпадоци, воведувајќи значајна иновација во системот за управување со отпад во градот....

Прекин на работа во сите сектори на Општина Штип поради реконструкција на електричната мрежа од страна на ЕВН

Штип, 16.05.2024: Денеска, поради вршење на реконструкција на електричната мрежа и проблеми во локалната трафостаница, зградата на Општина Штип и околните реони останаа без...

Екстрадиција на Љупчо Палевски: Првоосомничениот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска пристигнува во Македонија

Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, попладнево треба да пристигне во Македонија. Неговата екстрадиција претставува...

Општина Штип најавува ларвицидна дезинсекција на 17 мај за уништување на ларви на комарци

Штип, 14.05.2024: Општина Штип, во соработка со овластена фирма, ќе спроведе акција на ларвицидна дезинсекција на територијата на општината на 17 мај 2024 година...

Првпат во Македонија: Средните училишта во Штип изведоа симулација на државна матура

Пред 17 години (2007), во Македонија за првпат беше воведена државната матура за учениците од гимназиско и од четиригодишно средно стручно образование. Од воведувањето,...
spot_img